Линкови за пристапност

Европскиот суд на правдата со одлука за бегалците


Со тоа Унгарија и Словачка ќе мора да бидат дел од системот за прераспределба на бегалците, што ЕУ го започна пред две години

Највисокиот суд на Европската Унија, денеска пресуди дека земјите-членки може да бидат принудени да ги прифатат апликациите на барателите на азил, отфрлајќи ги предизвиците на Унгарија и Словачка да останат надвор од системот што ЕУ го започна пред две години.

Европскиот совет го одобри планот за прераспледелба наспроти приговорите на одредени источноевропски земји. Системот налагаше релокација на 160.000 бегалци кои во моментов се стацинирани во Грција и Италија. Досега се преселени само околу 24.000 лица.

Европскиот суд на правдата објави дека од Советот не се барало едногласно да го одобри планот и имал овластување „да реагира на вонредната ситуација ефикасно и брзо“.

Унгарија и Полска одбија да прифатат какви било бегалци, додека Словачка дозволи влез за само неколкумина.

Унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто, изјави дека неговата влада одлуката ја смета за „ужасна и неодговорна“, и дека ја загрозува безбедноста и иднината на Европа.

Премиерот на Словачка Роберт Фицо, пак, изјави дека земјата ќе ја почитува одлуката на судот, но неговиот став во однос на квотите, не е променет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG