Линкови за пристапност

Во Европа пристигна првата група сириски бегалци испратени од Турција


Во меѓувреме групи мигранти во Турција пристигнуваат од грчкиот остров Лезбос.

Првата група сириски бегалци испратени од Турција според контроверзната програма, пристигна во Европа. Шеснаесет баратели на азил пристигнаа во германскиот град Хановер, а други 16 лица исто така се очекува да пристигнат денеска.

Во меѓувреме групи мигранти во Турција пристигнуваат од грчкиот остров Лезбос.

Владини претставници изјавија дека 131 мигрант, главно од Јужна Азија, денеска пристигнал во Дикили. Депортациите од Грција во Турција се почеток на контроверзниот план меѓу Турција и ЕУ, којшто е критикуван од групите за заштита на човековите права, а чија цел е сопирање на илегалната миграција во Европа.

Според договорот, оние кои стигнуваат на брегот на Грција по нелегален пат, ќе бидат враќани во Турција, доколку не се квалификуваат за азил.

За секој сириски бегалец којшто од Грција ќе се врати во Турција, друг ќе биде прераспределен од Турција до ЕУ.

XS
SM
MD
LG