Европската унија предложи итен фонд од 760 милиони долари за помош на Грција.
Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Христос Стилианидес, во средата изјави дека 325 милиони долари веднаш ќе бидат одделени, а останатиот дел во текот на следните две години.
„Комисијата ќе обезбеди 700 милиони евра во следните три години“ изјави Стилинаидес.
Предлогот треба да биде одобрен во Европскиот парламент и земјите - членки.
Европската унија исто така сака приливот на бегалци од Турција да се намали на 1000 лица - дневно.
Претседателот на Советот на министри на ЕУ, Доналд Туск, пред заминувањето за Анкара во средата, изјави дека тој ќе изврши притисок за „поинтензивна инволвираност“ со Турција за имплементирање на потпишаниот договор со ЕУ од ноември, за да се стави под контрола приливот на бегалци.