Австрија истакна дека е подготвена да спроведе одредени погранични заштитни мерки, ако Германија имплементира построга контрола за имиграцијата, како што најави во понеделникот.
Во владиното соопштение се наведува дека Австрија е подготвена да преземе мерки за заштита на јужните граници, во кои спаѓаат оние со Италија и Словенија.
Владејачката партија на германската канцеларка Ангела Меркел се залага за пофлексибилен став околу имиграцијата, додека нејзиниот коалиционен партнер од Баварија, повикува на построги контроли за влез во земјата.
Меркел и лидерот на Христијанската социјална унија и министер за внатрешни работи Хорст Сихофер, рекоа дека се согласиле за план што би функционирал за двете страни.
Согласно договорот, планирана е изградба на транзитни центри за барателите на азил, додека нивните случаи се разгледуваат.
Ако се утврди дека мигрантите веќе аплицирале за азил во друга земја од Европската унија, ќе бидат вратени во нивната родна земја или во Австрија, во очекување на договор со австриската влада по прашањето.
Facebook Forum