Линкови за пристапност

Евроскептицизмот победи на изборите за Европскиот парламент во Британија, Франција и Италија


Низ 28-те членки на Европската унија, евроскептичните партии постигнаа најдобри резултати на петгодишните избори

Евроскептичните партии се најдоа на врвот на изборите за Европскиот парламент во Британија, Франција и Италија. Низ 28-те членки на Европската унија, тие постигнаа најдобри резултати на петгодишните избори, со што го зголемија својот удел во парламентот составен од 751 претставник, од 155 на 169 пратеници.

Италијанецот Матео Салдини, чија партија Лега постигна убедлива победа и беше на пат да освои околу 30 отсто од гласовите во неговата земја, зголемувајќи ги амбициите за водечка улога на европската сцена, возбудено изјави дека гласачите му дале „историска мисија“ за промена на ЕУ.

Тој ѝ честиташе на Марин Ле Пен за победата над партијата на Емануел Макрон. „Сметам дека има сојузници насекаде да ја спасат ЕУ ... да ги сменат правилата“, рече тој. „Конечно мора да има промени по децении бирократија и банкарски правила“.

Но, во заднината на популистички прослави во неделата навечер, во Брисел имаше и мирно задоволство меѓу официјалните претставници на ЕУ, кои стравуваа дека евроскептиците ќе постигнат уште подобри резултати.

За многумина најсилен впечаток остави настапот на Зелените и Либералите - во Велика Британија либералдемократите постигнаа големи победи во Лондон, традиционалното упориште на Лабуристичката партија, и стигнаа на второ место зад партијата Брегзит низ целата земја. Во Германија, Зелените постигнаа големи придобивки на сметка на левичарските социјалдемократи во земјата, правејќи историски чекор со повеќе од 20 отсто од гласовите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG