Линкови за пристапност

Светот ги одбележува Денот на Европа и на победата над фашизмот


Светот денес ги одбележува Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. На овој ден во 1945 година беше ставен крај на Втората светска војна, со потпишување на безусловна капитулација на нацистичка Германија.

Денот на Европа, пак, е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

Овие два настани денес се одбележуваат пред Споменикот на ослободителите во Скопје, а предвидено е и дефиле на единиците на Армијата во касарната „Илинден“.

Денот се одбележува низ сите градови во државата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG