Линкови за пристапност

Преку 300 уапсени во операција против организиран криминал во Европа


Големата операција била раководена од седиштето на Европол во Хаг, Холандија.

Полицијата во Европа уапсила 314 лица од 52 земји, а разбила и неколку меѓународни синџири за трговија со луѓе за време на повеќе координирани рации, соопшти Европол.

Големата операција била раководена од седиштето на Европол во Хаг, Холандија. Од агенцијата соопштија дека со акцијата биле прекинати најопасните криминални мрежи активни во моментов и се фокусирала на случаи поврзани со илегалната имиграција, трговија со луѓе, трговија со дрога и кибернетски криминал.

Официјални лица додадоа дека мрежите за трговија со седиште во Нигерија, Азија и Источна Европа се најактивни во Европа.

XS
SM
MD
LG