Линкови за пристапност

Евробарометар: 68 отсто од Македонците се за влез во ЕУ


Двата најголеми проблеми со кои се соочува државата се економската ситуација и невработеноста, оценуваат македонските граѓани во истражување на Евробарометар

Членството на Северна Македонија во ЕУ би било многу добро за државата. Вака се изјасниле 68% од испитаниците во Северна Македонија во истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година, во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидатки. 16 проценти имаат спротивен став.

72 отсто од граѓаните се изјасниле дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ, додека довербата на македонските граѓани во ЕУ е 57 отсто.

Во фокусот на истражувањето на Евробарометар беа европската политичка состојба, економијата и европското државјанство, при што во сите држави се користеше иста методологија на истражување.

Граѓаните на Северна Македонија во истражувањето на Евробарометар посочуваат дека двата најголеми проблеми со кои се соочува државата се економската ситуација (35%) и невработеноста (30%).

Лично како најважни ги сметаат проблемите на растот на трошоците, инфлацијата и трошоците за живеење (31%), невработеноста (22%) и финансиската состојба во домаќинството (21%).

Финаниската состојба во нивното домаќинство 62% од македонските граѓани ја оценуваат како добра, додека овој процент е повисок во ЕУ (72%). 42 % од македонските граѓани ја оценуваат како добра состојбата со нивното вработување, додека во ЕУ задоволни се 60 отсто од жителите.

Што се однесува до економската состојба во државата 37% од македонските граѓани очекуваат во следните 12 месеци таа да остане иста, 27 % очекуваат дека ќе се подобри, додека 32% очекуваат влошување.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG