Линкови за пристапност

Европската централна банка ја преполови каматната стапка


Потегот уследи по последниот извештај за инфлација, што покажува слабо опоравување на економијата во еврозоната.

Европската централна банка ја намали најзначајната каматна стапка за половина во обид да го поттикне економскиот растеж низ блокот на единствена валута составен од 17 нации.

Централната банка ја намали каматната стапка во четврток од половина процент на четвртина процент, што е рекордно ниско за еврозоната.

Раководниот совет на банката од 23 членови го направи овој потег во
Франкфурт по најновиот извештај за инфлација што сугерира дека опоравувањето на еврозоната од 18-месеци рецесија останува слабо. Извештајот покажа инфлација во регионот од седум десетини од процентот во октомври, што е далеку помало од целта на банката од малку под два проценти.

Намалувањето на стапката за рефинансирање прави поевтино за европските банки да позајмуваат пари од централната банка. Надежта е дека ова ќе помогне на бизнисите да ги прошират своите операции и да вработат повеќе работници.
XS
SM
MD
LG