Линкови за пристапност

Рецесијата во еврозоната најлоша во евро ерата


Рецесијата во блокот сега се продолжи на 18 месеци, најлошо намалување откако Европа ја усвои единствената валута – еврото, во 1999.

Европската унија во среда кажа дека економското богатство на 17-члената еврозона паднало две десетини од процентот во периодот од јануари до март. Тоа е шесто тримесечје по ред блокот на единствена валута да забележи рецесија – надминувајќи ја должината на рецесијата на еврозоната во глобалната финансиска криза во 2008 и 2009, иако тогашната беше поизразена.

Еден аналитичар, економист од ИНГ, Питер Ванден Хојт, кажа, „Еврозоната останува најслаба алка во светската економија“.

Девет држави на еврозоната сега се во рецесија со економијата на Франција, втора по големина во блокот, која падна во рецесија во првото тримесечје на годината. Германската економија, во блокот на единствена валута најголема, порасна само за десетина од процентниот поен во првите месеци на годината.

Стагнантната економија на еврозоната се очекува да се продолжи преку најголем дел од 2013-та.
XS
SM
MD
LG