Линкови за пристапност

Министрите за финансии на ЕУ се договорија за стабилизирање на еврото


Министрите за финансии на Европската Унија заедно со Меѓународниот монетарен фонд се согласија по масивниот пакет за стабилизирање на еврото во висина од речиси трилион долари (750 милијарди евра)

Министрите за финансии на Европската Унија заедно со Меѓународниот монетарен фонд се согласија по масивниот пакет за стабилизирање на еврото во висина од речиси трилион долари (750 милијарди евра).

Министрите беа на непрекинати, итни разговори во неделата во Брисел, стремејќи за за постигнување договор пред отворањето на големите азиски пазари во понеделник.

Комбинацијата од билатерални заеми и заемски гаранции има за цел да спречи ширење на финански хаос по грчката должничка криза на други економии кои имаат проблеми, а кои го употребуваат еврото за нивна валута.

Најголем дел од парите ќе дојдат од ЕУ, со дополнителен придонес од ММФ.

Исто така, централните банки во Британија, Канада, Швајцарија и САД ќе обезбедат кредитна линија од нивните индивидуални валути за да ја намалат тензијата на европските пазари. Ова ја рестартира програмата имплементирана од Европската централна банка за време на глобалната финансиска криза од 2008.

Поголемите европски пазари отворија повисоко во понеделник и еврото доби во вредност во однос на доларот само неколку часа по соопштението од Брисел рано во понеделникот наутро. Азиските пазари затворија повисоко.

Трговците и инвеститорите до некаде изгубија доверба во еврото по грчката финансиска криза.

Вредноста на еврото падна четири проценти минатата недела додека глобалните пазарни грижи се зголемија дека проблемите на Грција ќе се прошират на други членки на ЕУ со финансиски тешкотии, вклучувајќи ја Шпанија, Португалија и Ирска.

Шеснаесет држави на ЕУ употребуваат евро за нивна валута.

XS
SM
MD
LG