Линкови за пристапност

Намалување на кредитниот рејтинг за Европа?


Намалување на кредитниот рејтинг за Европа?
Намалување на кредитниот рејтинг за Европа?

Кредитната агенција Стандард и Пурс сега се заканува дека ќе го намали рејтингот на европските држави со голем долг.

Стандард и Пурс го издаде предупредувањето во вторникот, еден ден откако стави 15 од 17 држави што го користат еврото, меѓу кои и економската локомотива на Европа – Германија и Франција, на негативно кредитно набљудување. Кредитната агенција кажа дека ќе реши во рок од 90 дена за тоа дали кредитниот рејтинг AAA ќе го намали за агенцијата за спасување за едно или две нивоа откако ќе ја утврди кредитната ситуација за секоја од поединечните држави.

Кредитната агенција на прес конференција во Франкфурт го кажа предупредувањето за поединечните држави бидејќи европските претставници многу „бавно и несигурно одговориле“ на должничките проблеми на континентот.

Американскиот Секретар за финансии Тимоти Гајтнер во вторник отпатува во Европа да ги поттикне лидерите на континентот да преземат решителна акција.

XS
SM
MD
LG