Линкови за пристапност

Иднината на Европската унија


За само неколку месеци две кризи ја погодија Европската унија, економските проблеми со Грција и напливот на мигранти, а некои велат дека ЕУ е во егзистенцијална криза.

Економската и политичка криза во Грција го достигна својот врв во јули оваа година за време на рефередумот. Гласачите се изјаснија дека се против условите предложени во понудениот пакет од Европската унија. Но, под притисок на Брисел, премиерот Алексис Ципрас, го игнорираше резултатот од референдумот и го потпиша договорот.

„Политичари од други земји ви кажуваат - мора да гласате за ова, мора да гласате за она. Зошто? Каде е демократското право во оваа ситуација? “ прашува историчарот од Кралскиот универзитет во Лондон, Андреа Мамоне.

Стотици илјади мигранти во изминатите недели пристигнаа на бреговите на Европа. Бројката се зголемува секојдневно. Европа се обвинува за незаинтересираност за судбината на бегалците.

Состојбата помеѓу државите и во самите држави не е најдобра. Во некои има постојан прилив на луѓе од самото тло на Европа, а сега и имигранти коишто доаѓаат од различни делови на светот.

„Кризата со бегалците бара сериозен пристап од страна на ЕУ, но, вината не треба да се префрла само кај нив. Доколку има недостаток од соодветно третирање на пример на економската криза, тоа значи дека има потреба од поголема интеграција . Но, одговорот секако не е во распаѓање на Европската унија“, вели Кристијан Одендал од Центарот за Европски реформи лоциран во Лондон.

Пред триесет години, пет земји од Европската унија го потпишаа Шенгенскиот договор со кој се креираше зона на слободно минување. Оттогаш, уште 26 Европски земји се придружија на овој договор.

Сега, овј принцип на слободно движење почна да се преиспитува со зголемувањето на бројот на мигранти.

Унгарија изгради ограда од бодликава жица на јужната страна од државата. Тоа за Џејмс Кер-Линдзи од Лондонската школа за економија било најголемото изненадување.

„Шенген-идејата за слободно движење и отварање на границите беше една од најдобрите проекти на Европската унија, и кога беа подигнати ѕидовите, претставуваше вистински шок“, вели тој.

На видик е уште една закана за Европската унија. Велика Британија планира гласање за напуштање на Унијата пред 2018-ма. Анкетите покажаа голема поддршка за таков потег. Аналитичарите велат дека таков резултат би бил фатален за Унијата.

XS
SM
MD
LG