Линкови за пристапност

Опции за транформација на Европа


Досега се презентирани пет визии за иднината на ЕУ по Брегзит

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во Европскиот парламент ја претстави „Белата книга за иднината на Европа: размислувања и сценарија за ЕУ27 до 2025-та“.

Предлогот се случува во време на бројни надворешни и внатрешни предизвици. Јункер изјави дека додека блокот-земји подоцна месецов ќе ја одбележи 60-та година од своето постоење, потребно е да ја обликува својата визија за иднината.

„Сепак, колку и да се жали заради Брегзит, нема да ја спречи ЕУ додека чекори кон иднината. Треба да гледаме напред, треба да продолжиме. Треба да се концентрираме на областите каде може да обезбедиме специфични резултати. Време е да разјасниме што може Европа да стори, а што не“, истакна претседателот на Европската комисија.

„Белата книга“ дава пет можни сценарија. Една е продолжување на досегашната патека со фокус на зајакнување на единствениот пазар и „зборување во еден глас“, кога станува збор за надворешната политика.

Друг предлог е ЕУ да „не прави ништо друго, освен единствен пазар“. Тоа значи дека останатото треба да биде решавано билатерално бидејќи можноста за колективно дејствување е ограничена. Оваа идеја е предложена од национални политичари, но е најмалку омилена опција на Јункер.

Трета опција е формирање „коалиција на волни“, што би значело, група на држави заинтересирани да работат заедно на специфични политички прашања и кои би можеле тоа да го прават без инволвирање на сите 27 членки. Овој предлог ја има поддршката на германската канцеларка Ангела Меркел.

Следна опција е ЕУ „да прави помалку, но поефикасно“ во неколку приоритетни области.

И конечно, на маса е алтернативата „да се прави повеќе заедно“, што во основа би го трансформирала блокот во федерална ЕУ.

Ниеден од предлозите не бара постигнување на пакт или инстититуционални промени што прави да биде полесно имплементирањето откако лидерите на ЕУ ќе решат по кој пат да одат.

XS
SM
MD
LG