Линкови за пристапност

ЕУ со реакција на најавата на САД за повисоки царини врз автомобили


Унијата вели дека предлогот на претседателот на САД ДоналдТрамп, за воведеување на давачки од 20 отсто на увоз на возила од Европа, ќе придонесе за контра-мерки и до 294 милијарди долари за извоз од САД

Европската унија ги предупреди САД дека заканата на претседателот Доналд Трамп да наметне 20 отсто царини за увезените автомобили од Европа, сериозно ќе и` наштети на американската економија и ќе поттикне контра-мерки во износ и до 294 милијарди американски долари, што ќе важат за американскиот извоз.

Во писмо од 10 страници испратено до Министерството за трговија, Европската унија смета дека новите царини за европските автомобили и авто-делови, се неоправдани и би биле економска грешка.

Трамп на неколкупати го нападна трговскиот суфицит на Унијата со САД, којшто минатата година изнесуваше 101 милијарда долари, и ги критикуваше земјите-членки за нивните царини од 10 отсто за увоз на автомобили во САД, во споредба со контра-мерката на САД од 2,5 проценти. Американскиот претседател неодамна на Агенцијата за трговија и` наложи да испита дали царините од 20 отсто, треба да се наметнат врз основа на националната безбедност, иако не беше конкретизирано за каква загриженост за безбедноста станува збор.

Европската комисија денеска истакна: „ќе ги вложиме сите напори, без оглед дали тоа би било на техничко или политичко ниво, за да спречиме САД да наметнат повисоки царини. Претседателот на Комисијата Жан Клод Јункер, подоцна месецов ќе го посети Вашингтон, во обид да ја убеди актуелната администрација да ги поддржи зголемените царини за европските возила.

„Треба да ги де-драматизираме овие односи“, изјави Јункер.

Трамп во неделата ја нападна трговската политика на ЕУ и за ТВ-мрежата Фокс, изјави дека „Европската унија веројатно е исто толку лоша, колку што е Кина, само што е помала“.

Европа, минатата година во САД испрати автомобили во вредност од 43,6 милијарди долари, споредено со 7,1 милијарда - возила коишто САД ги испратиле во Европа. Дополнително, Унијата вели дека европските компании произвеле речиси 2,9 милиони автомобили во САД, директно подржувајќи 120.000 работни места во земјата, или 420.000 места, ако се вклучат дилери и продавачи на авто-делови.

Спорот околу царините за автомобили меѓу САД и ЕУ, доаѓа во време кога Трамп има разлики со Европската унија, Кина и Канада поради неговото наметнување на нови давачки за увоз на челик и алуминиум во САД.

Минатата недела, ЕУ се одмазди со тоа што воведе царини од 25 отсто на американски моторцикли, сокови од портокал, виски, фармерки и други производи.

Канада во неделата соопшти дека вовела повисоки царини за американски производи од челик, сируп од јавор, кафе и јагоди, во вредност од 12,6 милијарди долари.

Кина и САД, двете најголеми светски економии, се очекува во петок меѓусебно да воведат повисоки тарифи за стоки во вредност од 34 милијарди долари, а кои и двете земји ги извезуваат едни на други.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG