Линкови за пристапност

Туск ја отстранува неизвесноста по Брегзит


Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, изјави дека животите на граѓаните се на прво место во секоја одлука во преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ.

Тој вели дека упатствата имаат за цел да ја минимизираат неизвесноста и нарушувањата, предизвикани од британското излегување од блокот, кое, според него, ќе биде почувствувано ширум Европа.

„Граѓаните се на прво место. Во Велика Британија живеат, работат и студираат од цела Европска Унија. Се` додека Британија е членка, нивните права се целосно заштитени. Ние треба да го решиме нивниот статус по повлекувањето со реципрочни, извршни и недискриминаторски гаранции“, изјави првиот човек на Европскиот совет.

Туск кажа и дека Велика Британија мора да ги почитува сите „финансиски обврски и одговорности“ како земја членка на ЕУ. „Тоа е правично кон сите овие луѓе - научниците, земјоделците и така натаму, на кои ние сите 28 земји-членки им ветивме и им должиме пари", рече тој.

Тој ги изнесе насоките пред останатите 27 членки на Унијата, заедно со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, кој е на чело на ротирачкото претседателство на ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG