Линкови за пристапност

ЕУ ги забрани даночните олеснувања за меѓународните компании во Белгија


Европската комисија заклучила дека има прекршување на правилата на ЕУ за државна помош

Европската комисија во понеделникот издаде наредба Белгија да надомести преку 760 милиони долари во нелегални даночни затајувања од страна на десетина меѓународни компании, што е досега најголем потег на Европската унија во борбата против затајување на данок од страна на големите компании.

Комисијата рече дека белгискиот „високопрофитен“ даночен систем, понуден на околу 35 меѓународни компании, ги прекршил правилата на ЕУ за државна помош на компаниите и можно е да им се овозможи да ги намалат нивните даночни основици и до 90 проценти. Истите бенефиции не се одобрени и за помалите компании, поради нарушување на конкуренцијата.

Европската комисија соопшти дека не може да ги каже имињата на инволвираните компании, но повеќето од нив се европски корпорации и овие компании ќе платат поголем дел од износот што го должат.

Комисијата, која одлучува за прашањата за конкурентност на ЕУ, се соочува со обвинувања за пристрасност во истрагите против неевропските компании, поточно американските технолошки гиганти.

XS
SM
MD
LG