Линкови за пристапност

Самит ЕУ-Западен Балкан во Трст


Самит ЕУ-Западен Балкан во Трст
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

За два дена во Трст, врвот на Европската Унија и на највлијателните земји-членки на иста маса ќе седне со лидерите на Западен Балкан.

Самитот, четврт по ред, е дел од т.н. Берлински-процес чија конечна цел е зачленување на регионот во Унијата. Собирот доаѓа во чувствителен период за Балканот, Македонија „тазе“ излезена од политичко-интситуционалната криза, ситуацијата во Босна и Херцеговина, Србија по изборите, односите меѓу Белрад и Приштина... Затоа, како што велат и самите европски дипломати, клучно е Брисел да прати пораки дека останува посветен на европската иднина на регионот.

„Главните резултати што ги очекуваме од Самитот се пред се, силна и јасна посветеност на ЕУ на европската иднина на регионот преку одобрување 7 проекти за поврзување вредни 200 милиони евра, преку потпишување на договор за транспортна заедница. Очекуваме напредок во економската интеграција преку усвојување повеќегодишен акциски план за регионална економска зона во Западниот Балкан“, рече Самуел Жбогар, Амбасадор на ЕУ во Македонија.

Овој акциски план содржи четири елементи: надминување на трговските бариери, воведување регионален инвестициски простор, олеснување на регионална мобилност на лица и дигитална интеграциска агенда. Унијата планира 1,3 милијарди евра во форма на грантови наменети за Балканот до 2020 за проекти од енергетиката, транспортот и животната средина. За Италија, која годинава претседава со „Берлинскиот процес“ оваа точка е еден од приоритетите во незјината надворешна политика

„Од регионална гледна точка приоритети ќе бидат консолидирање на демократијата, безбедност, социјална и економска стабилност, надминување на поделбите од минатото и националистичките реторики. Во однос на предизвиците приоритети ќе бидат сигурност, борба против тероризмот и радикализацијата, миграцијата и антикорупцијата“, рече Карло Ромео, Амбасадор на Италија во Македонија.

Берлинскиот процес стартуваше како иницијатива на канцеларката Меркел во 2014-тата како начин за забрзана интеграција на Западниот Балкан и досега вакви самити се одржаа во Берлин, Виена и Париз.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG