Линкови за пристапност

Се` уште нема договор на самитот на ЕУ за економска помош поради коронавирусот


Преговорите, кои првично требаше да се одвиваат само до сабота, превидено е да продолжат во понеделник попладне

Лидерите на Европската унија денеска наутро зедоа пауза на четвртиот ден од разговорите на кои треба да договорат буџет од два трилиони американски долари со кои треба да им се помогне на земјите-членки да се справат со ефектите од пандемијата на коронавирусот.

Мерките за карантин, воведени од многу влади за да се запре ширењето на вирусот, негативно влијаеја на економијата на ЕУ, при што економистите прогнозираат пад од 8,3% оваа година.


Преговорите, кои првично требаше да се одвиваат само до сабота, превидено е да продолжат во понеделник попладне.

Премиерот на Холандија Марк Руте рече дека лидерите напредуваат, а австрискиот канцелар Себастијан Курц рече дека иако преговорите се тешки, „можеме да бидеме задоволни од денешниот резултат“.

Изминатите неколку дена е видлива поделбата на од една страна пет богати северноевропски земји - Австрија, Данска, Финска, Холандија и Шведска - а од друга јужните нации кои беа погодени од коронавирусот и кои имаат поддршка од Германија и Франција .

Северните земји се залагаа за воведување строга контрола на трошењето, како дел од кој било договор, додека други, како Италија и Шпанија, се обидоа да ги минимизираат ваквите услови.

Земјите на ЕУ регистрираа досега 135.000 смртни случаи од КОВИД-19, при што Италија, Франција и Шпанија се меѓу најпогодените во светот.

Мерките за карантин, воведени од многу влади за да се запре ширењето на вирусот, негативно влијаеја на економијата на ЕУ, при што економистите прогнозираат пад од 8,3% оваа година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG