Линкови за пристапност

Самитот на лидерите на Западен Балкан в среда ќе биде клучен за Берлинскиот процес


Сега е момент овие држави да кажат што очекуваат во претстојниот период за финансиско закрепнување од кризата, рече Џим О`Брајан, специјалниот претставник на Белата куќа за Балканот, во време на администрацијата на Клинтон

Справување со последиците од пандемијата ќе биде фокус на виртуелниот Самит на лидерите на Западен Балкан в среда, во организација на Атлантскиот совет во Вашингтон.

Претседателот Стево Пендаровски ќе биде претставник од Македонија.

„Очекуваме сите шет лидери да испорачаат заедничка силна порака како го гледаат заздравувањето на регионот по КОВИД-19, и координацијата со меѓународната заедница“, рече Џим О`Брајан, специјалниот претставник на Белата куќа за Балканот, во време на администрацијата на Клинтон.

Идејата за оваа средба е да се овозможи забрзан проток на добра и услуги во регионот за време на коронакризата, како и да се создаде план за инвестиции и распределба на фондовите за КОВИД-19.

„Целта оваа недела е да се направи агенда која ќе биде основа за Самитот во Софија, чиј домаќин ќе биде германското претседателство со ЕУ, заедно со Владите на Северна Македонија и Бугарија, да разговараат за тоа како Берлинскиот процес на промовирање регионална економска интеграција ќе се одвива понатаму“, рече тој, додавајќи:

„Клучно е што во ноември Европската Унија ќе излезе со предлог за тоа како Берлинскиот процес ќе функционира во наредните четири години. Тоа ќе биде период кога ќе се носат главните одлуки за финансиско закрепнување на регионот“.

Според него, сега е момент овие држави да кажат што сакаат и очекуваат во претстојниот период, земајќи предвид дека дел од нив имаат и нови влади, како што е случајот со Македонија, која сега одржа избори.

„Лидерите треба да излезат заедно и да кажат како ќе се подготват за ноември. Многу е важно сега да се постави сцената за наредните неколку години на меѓународна вклученост и соработка“, рече О`Брајан.

Самитот в среда, вели тој, ќе биде практичен напор да се види што му е потребно на регионот, со цел да се обезбеди економска помош за граѓаните во наредните месеци.

Тој нагласи дека ова ќе биде историски момент за утврдување непариска и конструктивна агенда на лидерите на Западен Балкан, не само за справување со пандемијата и интеграцијата во ЕУ, туку и за одвраќање на штетното влијание од Русија и Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG