Државниот врв и партиските лидери очекуваат новиот претседател на Советот на ЕУ да го појасни изгледот на најавената промена на методологијата за пристапување.
Шарл Мишел, кој вечерва доаѓа во Скопје, за време на дводневната посета на земјава, ќе се сретне со претседателот и со премиерот, но и со претседателите на клучните партии.
Надежите се дека меѓу пораките за потреба од продолжување на реформите, Мишел ќе го повтори ставот дека Северна Македонија заслужува почеток на преговори за членство.
„Верувам дека ќе може да ни даде информација повеќе за тоа кога ќе се усвои новата методологија, како и потврда дека одлуката за датум за земјава и процесот на носење на методологијата ќе се одвиваат паралелно“, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Facebook Forum