Линкови за пристапност

ЕУ ги продолжи санкциите врз Русија


Европските лидери ги продолжија економските санкции кон Русија, поради улогата на државата во конфликтот во источна Украина.

Одлуката беше објавена на Самитот на ЕУ, со која се продолжуваат актуелните рестрикции против Москва до јули 2018-та.

Рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата годишна прес- конференција не се осврна на прашањето за санкциите, но кажа дека про-руските сепаратистички сили се подготвени да се справат со предизвикот, ако украинските државјани извршат маскар во источна Украина.

„Нема руска војска на територијата на Донбас, но имаше некои специфични воени формации кои беа независни и подготвени да се спротивстават на воените акции против Донбас“, рече Путин.

Тој додаде дека про-западната влада во Киев го попречува мировниот процес од Минск, чија цел е да се најде решение за конфликтот во источна Украина и ги блокира напорите за посредување за замена на затвореници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG