Линкови за пристапност

Популистите со едноставна порака до Европа


Враќањето на Најџел Фараж во првите редови на британската политика е олицетворение на предизвикот со кој се соочуваат центристичките партии во ЕУ во обид да го ограничат популизмот пред изборите за Европскиот парламент.

Во ера кога социјалните медиуми силно влијаат на политиката, традиционалниот политички пристап слабее и се засилува популистичката агенда.

Фараж со право може да се нарече дека е архитект кој стои зад Брегзит и кој го поттикна тогашниот премиер Дејвид Камерон да распише референдум за тоа дали Велика Британија да остане во ЕУ или не. Камерон тогаш се надеваше дека така ќе доведе до опаѓање на поддршката на Партијата за независност на Обединетото Кралство на Фараж.

За време на кампањата, Фараж се претставува себеси како човек на народот. Тој не понуди детали за политиката, велејќи дека ќе го стори тоа по европските парламентарни избори на 22-ри мај.

Неговата новоформирана Партија за Брегзит нема ни писмен манифест, а порака е едноставна: Британците се предадени од корумпираната алчна политичка елита која не успеа да го исполни ветувањето по гласањето за Брегзит.

Исто како и италијанското движење Пет ѕвезди Фараж се обидува да ја надмине традиционалната поделеност на леви и десни партии. Едноставната приказна за предавство го зголемува рејтингот на неговата нова партија пред изборите во Европскиот парламент. Анкетите за јавното мислење предвидуваат дека Партијата Брегзит ќе победи на изборите во Британија со 34 проценти од гласовите.

Слична порака на предавство може да се слушне и на други места во Европа иако во останатите 27 држави на ЕУ Брегзит не е никаков фактор.

Анкета спроведена во септември минатата година упатува на тоа дека 62 проценти од испитаниците велат дека членството во ЕУ е добро. И покрај тоа, популистичките групи, без разлика дали се во националните влади или не и повикуваат на заштита на обичните луѓе од глобализацијата и миграцијата.

Вицепремиерот на Италија, Матео Салвини, кој ја предводи екстремно десничарската партија Лега исто така има едноставна изборна порака. Салвини повикува на построги граници и заштита на европската култура и за полабава ЕУ, каде што институциите на ЕУ се подредени на националните влади.

Во саботата речиси 100.000 поддржувачи присуствуваа на митингот на Салвини во Милано каде гости беа и француската политичарка Марин Ле Пен и холандскиот политичар Геер Вилдерс.

Според неодамнешна анкета четвртина од Европејците се сметаат за популисти. Анкетите предвидуваат дека популистите ќе освојат третина од местата во 721 члениот Европски парламент.

Но аналитичарите, исто така, велат дека популистичките партии имаат значајни идеолошки поделби, вклучувајќи ги односот кон мигрантите е и односите со Русија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG