Линкови за пристапност

ЕУ со забрана за еднократната употреба на пластика


Европскиот парламент со големо мнозинство изгласа мерка за забрана за користење на пластични производи за еднократна употреба во Европската унија, како што се цевчињата и приборот за јадење.

Мерката беше усвоена со 571 гласа наспроти 53, а 34 парламентарци беа отсутни.

Поддржувачите велат дека пластиката е извор на загадување од кое се гушат океаните и градовите и дека се потребни декади пред таа да се разгради.

Ако мерката биде одобрена од Европската комисија ќе постане закон во државите членки во 2021-ва година.

Во мерката исто така се вклучени рокови за редуцирање и рециклирање на други видови пластика, како што се шишиња, конци за ловење риби, пакети за храна и филтри за цигари.

Некои американски градови забранија пластични цевчиња во рестораните откако порано годинава беше објавено видео на кое можеше да се види како спасувач вади цевче од носот на желка.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG