Линкови за пристапност

ЕУ очекува возвратен чекор од Пекинг после воведувањето царини за кинеските електрични возила


Кинески електрични возила, паркирани на пристаниште, чекаат испорака на меѓународниот пазар. Фотографирано на 11 септември 2023 година.
Кинески електрични возила, паркирани на пристаниште, чекаат испорака на меѓународниот пазар. Фотографирано на 11 септември 2023 година.

Европската унија е подготвена за одмазда од Кина откако европскиот блок гласаше за воведување царини за увоз на кинески електрични возила, за кои Брисел вели дека добиваат нефер државни субвенции. Известува Хенри Риџвел.

Сега е крајот на успешната жетва со лозјата во југозападна Франција. Но, расположението овде е далеку од славенички. Повеќе од една третина од овој вид коњак - се извезува во Кина.

Како ќе одговори Кина за високата царинска рампа од ЕУ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00

Лозарите овде стравуваат дека наскоро би можеле да бидат цел на одмазда на Пекинг - откако Европската унија гласаше за зголемување на увозните царини на кинеските електрични возила.

Потенцијално ќе ни биде наметнат данок од околу 40 отсто и тоа би значело крај на овој пазар
Ентони Брун, Производител на коњак во Франција

„Знаејќи дека во иднина потенцијално ќе ни биде наметнат данок од околу 40 отсто, тоа би значело крај на овој пазар“, вели Ентони Брун од Главниот синдикат на производителите на коњак во Франција.

Франција беше меѓу земјите-членки на ЕУ кои најсилно притискаа за царина на кинеските електрични возила - по едногодишната истрага на ЕУ заклучи дека Пекинг неправедно ја субвенционира индустријата.

Производителите на коњак велат дека нивниот потенцијален извоз ќе стане жртва.

„Бидејќи Франција го води патот кон оваа политика, тие ќе настојуваат да таргетираат производи што се однесуваат исклучиво на Франција“, додава Брун.

Германија – најголемата економија во ЕУ – гласаше против царините. Германските производители на автомобили стравуваат од одмаздата на Пекинг.

Загриженост и кај германските автопроизводители поради царинската војна со Кина
Загриженост и кај германските автопроизводители поради царинската војна со Кина

„Сегашната одлука може да доведе до нови трговски конфликти, до спирала на протекционизам“, смета Хилдегард Мулер, од Германската асоцијација на автомобилската индустрија.

Кина веќе отвори истрага за увоз на европско свинско месо и млечни производи. Сепак, и Брисел и Пекинг велат дека ги продолжуваат преговорите за да се најде компромис.

„На крајот на краиштата, пазарот на ЕУ дава најголема можност за кинескиот извоз на електрични возила. Значи, на Кина и треба ЕУ исто колку што ни треба нам Кина. И, затоа мислам дека ќе има некаква „попријателска“ одмазда или попријателски акции како такви“, посочува Јулија Полисканова од Групацијата за политика за транспорт и животна средина.

ЕУ тврди дека царините за електричните возила ќе ја заштитат европската автомобилска индустрија - која вработува 14 милиони луѓе. Блокот верува дека царините не ги прекршуваат правилата на Светската трговска организација.

„Царините се утврдени според компанијата и врз основа на индивидуалните нивоа на субвенционирање. И, мислам дека тоа е она што ги прави тие царини сосема компатибилни, од она што јас го разбирам, со правилата на Светската трговска организација“, вели Полисканова.

САД во август четири пати ги зголемија царините за увоз на кинески електрични возила на 100 отсто, откако ги објавија во мај. Канада ја воведе истата стапка од почетокот на октомври, заедно со увозните царини за некои метали. Кина поднесе тековна жалба против канадските мерки до Светската трговска организација.

XS
SM
MD
LG