Линкови за пристапност

Ветото за ЕУ ќе биде проблематично за Владата на изборите в април


Северна Македонија е колатерална штета на внатрешната дебата во ЕУ, реагираат во Вашингтон
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:30 0:00

Ако Владата дала ветување дека ќе се отворат преговори за ЕУ, а тоа не се случи, сигурно дека е возможно избирачите да ја казнат, реагираат во Вашингтон

Ветото за почнување на пристапните преговори со Европската Унија може да се одрази врз поддршката на Владата, што ќе се покаже на предвремените избори на 12 април, вели Гарет Мартин, професор на Школата за меѓународни односи на Американскиот универзитет во Вашингтон.

„Ако Владата дала ветување дека ќе се отворат преговори за ЕУ, а тоа не се случи, сигурно дека е возможно избирачите да ја казнат. Но, верувам дека ќе се земат предвид и други суштински промени кои се направени. Во секој случај, може да биде многу проблематично за актуелната Влада“, изјави тој во интервју за Гласот на Америка.

„Технички, една држава секогаш ќе може да го блокира влезот. ЕУ функционира со компромиси и враќање услуги. Ако Франција добие нешто за возврат во друга област која е од нејзин интерес, можеби ќе го тргне ветото“, вели Мартин

Тој смета дека Северна Македонија е колатерална штета на внатрешната дебата во ЕУ.

„Постои загриженост поради други држави кои влегоа во ЕУ изминативе години, конкретно Полска и Унгарија, кои покажуваат демократско уназадување и непочитување на владеење на правото. Грижата е дека постоечкиот процес на проширување не е доволно добар да осигура дека новите држави кои доаѓаат ќе ги прифатат европските вредности. Ова игра важна улога во ваквата одлука на Франција“, рече тој.

Вели дека државата сега треба да направи две работи пред евентуално да го добие следниот датум - да инситира на јасна гаранција од европските лидери кога ќе бидат исполнети конкретните услови, како и да ја убеди јавноста дека реформите, особено враќање на довербата во судскиот систем, се неопходни дури и веднаш да не се добие почеток на преговори.

Тој додава дека во овој момент е потребен поодржлив фокус на САД кон Балакнот, а ратификацијата на Протоколот за НАТО во Сенатот ќе биде мотив за македонските лидери да продолжат со рефомрите.

И европскиот комесар за економски прашања Пјер Московиси, смета дека се бара преголемо трпение од Северна Македонија и од балканските држави на евроинтегративниот пат.

„Европскиот совет го одложува датумот за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија, но, тоа не смее да се гледа како одбивање. Процесот е во тек. Некои услови мора да бидат разјаснети“, рече Московиси.

Тој додаде дека пристапувањето во Унијата е инклузивен процес, и оти Европа треба да има сериозен пристап кон Балканот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG