Линкови за пристапност

Не е сигурен датумот за ЕУ во октомври


Селими: Не е сигурен во октомври датумот за ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

Вели Каљтрина Селими од Националната фондација за демократија во Вашингтон, нагласувајќи дека Европската Унија очекува да се реши неизвесноста за иднината на СЈО

Се` уште нема видливи резултати за граѓаните од реформите во судството, вели Каљтрина Селими од Националната фондација за демократија во Вашингтон, коментирајќи дали истрагата за случајот „Рекет“ ќе биде тест за функционирање на правната држава.

Сепак, вели таа, има зголемена комуникација меѓу државата и граѓанското општество изминатава година.

„Кој било процес што не носи исклучителни резултати во рамките на добро владеење на право, враќање на довербата на граѓаните во државните институции, како и во политичките и изборните процеси, и натаму ќе биде причина за голема дискусија во Северна Македонија“, вели Селими.

Иако реформскиот процес не се случува преку ноќ, Европската Унија сега очекува зголемен политички дијалог и транспарентност на институциите, пред да се донесе одлуката за почеток на пристапните преговори, вели Селими

Според неа, не треба со сигурност да се очекува дека датумот ќе биде добиен во октомври.

„Европската Унија очекува да се реши неизвесноста за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Доколку не се расчисти ова прашање, може да се разниша и поддршката од најсигурните земји - членки на ЕУ“, смета таа.

Нагласува дека е потребно конструктивно учество на опозицијата во овие дијалози, што носи порака и за зрелоста на партијата сама по себе.

„На тој начин ќе се подели одговорноста за решенијата кои се носат на национално ниво“, објаснува Селими.

Верува дека сепак има знаци на зрелост во општеството, водејќи се по последните реакции на јавноста за изјавата на премиерот Зоран Заев, во која тој искористи несоодветни зборови за новинари и ЛГБТИ заедницата.

„Самата идеја дека може да се реагира слободно против ваквите појави и изјави со кои не се согласува мнозинството, е знак дека достигнуваме одредено ниво на зрелост, но, не значи и дека сме таму каде што треба да бидеме“, рече таа.

Оптимист е дека државата ќе стане 30. членка на НАТО, ако се земе предвид дека досега 26 земји - членки го имаат започнато овој процес, од кои 18 целосно ги имаат завршено и депонирано нивните одлуки.

Сепак, вели таа, за влез во ЕУ ќе биде потребно да се спроведе широк опсег на реформи за владеење на право, како и да се покаже институционална и политичка зрелост.

Селими најави дека Националната фондација за демократија ќе продолжи да го поддржува невладиниот сектор во државата, кој работи на промовирање на владеење на правото, независни медиуми и на намалување на етничката и политичката поларизација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG