Линкови за пристапност

Власта оптимист, експертите скептици за почеток на преговори со ЕУ


Дали Северна Македонија ќе добие датум за ЕУ во јуни?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:28 0:00

Еврокомесарот за проширување рече дека Европската комисија на крајот од мај ќе препорача почеток на пристапни преговори

Наспроти позитивните очекувања од властите,скептицизам владее помеѓу дел од експертската јавност дека Северна Македонија во јуни ќе добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Професорот Светомир Шкариќ вели дека поканата ќе биде реална само ако се исполнат бараните услови, помеѓу кои и продолжување со работа на СЈО и истражување на случаите поврзани со прислушуваните разговори.

Неговиот колега Борче Давитковски вели дека државата треба да биде наградена, но, оти не верува тоа ќе се случи во јуни.

„Поканата зависи од нас, а не од ЕУ. Но, за жал кај нас тешко може да се дојде до согласност. Помеѓу опозиција и владејачките партии постои длабок судир, и притоа мислам дека опозицијата е таа која кочи. Се` додека опозицијата не почне да размислува пошироко, и се` додека освојувањето на власта нема да и` биде главна опсесија, Македонија ќе се судрува со овие проблеми и тешко дека ќе дојде до поканата“, вели универзитетскиот професор Светомир Шкариќ.

Професорот Борче Давиткоски смета дека тешко ќе се добие датумот за преговори.

„Мислам дека треба да и` се даде на македонската Влада една сатисфакција пред да се отпочнат преговорите. Отварањето на 35 поглавја може да трае со години и години. Едноставно малку ветер на едрото да му се даде на оваа реформска влада, бидејќи многу сторија со Преспанскиот договор. За жал, многу помалку во поглед на реформите во јавната администрација и правосудниот систем“, вели Давитковски.

И кога би добила датум за преговори, професорот Никола Тупанчевски смета дека тешко би се одвивале преговорите, особено за најважните поглавја - правда и правосудство.

„Ние номинално и декларативно сме и во моментот многу блиску до ЕУ. Главен проблем ни е имплементацијата на законите. Сметам дека поглавјата 23 и 24 би биле идеална шанса за Македонија во овој реформски процес, кој е започнат да си го добие своето вистинско значење“, вели Тупанчевски.

Во меѓувреме, еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека Европската комисија на крајот од мај ќе препорача почеток на пристапни преговори за полноправно членство за земјава, но, оти се` потоа ќе зависи од државите - членки дали ќе се согласат со тоа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG