Линкови за пристапност

Османи очекува од Силва да донесе предлог како да се надмине блокадата со Бугарија


Силва и Вархеји утре во посета на Македонија и Бугарија
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:48 0:00

Шефот на дипломатијата на Португалија и еврoкомесарот за проширување Вархеји, утре во посета на Скопје и Софија

Шефот на дипломатијата на Португалија Аугусто Сантош Силва, земјата претседавач со Советот на Европска Унија, и еврoкомесарот за проширување Оливер Вархеји, утре ќе ги посетат Северна Македонија и Бугарија.

Прва дестинација на Силва и Вархеји е Софија, а потоа Скопје. Целта на оваа еднодневна мисија, во која Силва и Вархеји ќе се сретнaт со државните врвови во двете земји, е да се најде начин за поместување на процесот на разговори меѓу двете земји, во обид да се постигне компромис за отворените прашања со кои Бугарија го условува усвојувањето на преговарачката рамка за земјава, а со тоа и одржувањето на првата меѓувладина конференција.

Се очекува двајцата дипломати да донесат некаков документ, кој би бил основа за продолжување на дијалогот Скопје-Софија.

Засилениот ангажман на Португалија беше најавуван во изминатите денови, и во Брисел, и во Скопје.

„Можам да кажам дека сум сведок на сериозен, проактивен ангажман на португалското претседателство од првиот ден на преземањето на функцијата. Еве тој ангажман продолжува и сега. Утре сме во очекување на министерот за надворешни работи, кој се надеваме ќе дојде со предлог-идеи како да се надмине оваа блокада, и како да се вратиме во ситуација на доверба меѓу двете страни“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG