Линкови за пристапност

Корупцијата може да го одложи почетокот на преговорите за ЕУ


Прво искоренување на корупцијата, па влез во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:04 0:00

Препораката не значи и датум за влез во ЕУ, вели професорот Гарет Мартин, нагласувајќи дека останува долг пат додека да се завршат реформите

Kорупцијата и натаму е сериозен проблем, и покрај напредокот на државата, вели Гарет Мартин, професор на Американскиот Универзитет во Вашингтон.

Коментирајќи ја препораката за почеток на преговорите за влез во Европската унија, Мартин нагласува дека останува долг пат додека да се завршат реформите.

„Справување со корупцијата е клучно. Второ најважно прашање е независност на судството. Европската унија сега е фокусирана на Полска и Унгарија, каде се случува демократско назадување. Овие две прашања се многу важни, и затоа ЕУ е особено загрижена за нив“, вели Мартин.

Препораката е позитивен сигнал од ЕУ, но, поради процесот на носење одлуки на Советот, кои се тајни и со поддршка на сите земји - членки, не претставува гаранција дека преговорите ќе почнат.

„Секоја актуелна земја- членка, како на пример Грција, ќе биде од суштинско значење да не ја попречи одлуката за почеток на преговорите“, објаснува Мартин

Според него, проблемот со името е политички и емотивно тежок, иако смета дека сега има ситуација за негово решавање.

„Грчкиот премиер Ципрас се` уште има потреба од поддршка од опозицијата, која има строги линии за ова прашање, а во Македонија и натаму има поделеност околу промената на името“, додава Мартин.

Министерот за дијаспора Едмонд Адеми, при неодамнешната посета на САД, изјави дека е оптимист оти препораката ќе значи и дефинитивен датум за почеток на преговорите.

„Се разбира ние домашната работа треба да си ја завршиме, онака како што тргнавме со планот 3-6-9, кој го реализиравме до 17-ти април, кога беше практично крајниот рок, и кога добивме позитивна препорака. Патот нема да застане со добивање датум, туку ќе биде почеток на пат кој треба да го изодиме како држава“, рече Адеми.

По препораката на Европската комисија, и Стејт департментот изјави дека САД ја поддржуваат евроатлантската иднина на државата.

„Со Владата работиме на спрведување на судските реформи, владеење на правото, слобода на медиумите и одговорно владеење“, соопшти Стејт департментот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG