Линкови за пристапност

Жан-Клод Јункер - нов претседател на Европската комисија


Тој доаѓа на местото на Жозе Мануел Баросо, и прв предизвик со кој се соочува е евентуалното отцепување на Британија.

Резултатот од гласањето во Европскиот Парламент беше убедлив и не е изненадување во Стразбург, Франција. Закондоваците го подржаа Жан-Клод Јункер да биде следниот претседател на Европската комисија. Тој ќе ја преземе функцијата на први ноември, од Жозе Мануел Баросо.

Во обраќањето пред Параламентот, непосредно пред гласањето, Јункер се заколна дека ќе работи со европските пратеници, ќе го штити еврото и ќе се соочи со предизвиците, од нестабилноста на Украина до минималната плата на Европејците.

Како претседател на Европската Комисија, тој ќе ја има најмоќната функција во Европската унија, раководејќи со тело кое ги регулира европските закони, меѓународните трговски договори и странските државни буџети.

59-годишниот Јункер е познат во Европа. Покрај тоа што речиси две децении бил премиер на Луксембург, тој ја раководеше и групата држави кои го користат еврото.

Велика Британија е еден од првите предизвици со кои ќе треба да се соочи Јункер. Минатиот месец, британскиот премиер Дејвид Камерон заедно со водачот на Унгарија, ја одбија неговата номинација за шеф на Комисијата.

Камерон вети дека во 2017-та ќе одржи референдум за напуштање на ЕУ, и во вторник тој назначи гласен евро-скептик, Филип Хамонд, за нов секретар за надворешни работи.

Јункер е само дел од поголема реорганизација во Брисел. Европските лидери планирата да се сретнат во среда да разговараат за номинации во ЕУ, вклучувајќи и наследник на шефицата за надворешната политика Кетрин Ештон.

XS
SM
MD
LG