Линкови за пристапност

ЕУ загрижена оти Иран продолжува со збогатување на ураниум


Портпаролот на ЕУ Питер Стано рече Иранскиот нуклеарен договор содржи ригорозни мерки кои тоа го забрануваат

Европската Унија изрази загриженост за извештаите на Обединетите нации дека Иран продолжил со збогатување на ураниум, и најави дека би продолжила да работи да го спаси мултинационалниот нуклеарен договор, кој забранува такви активности.

Портпаролот на ЕУ Питер Стано, рече дека активностите на Иран ќе имаат сериозни последици, и оти Иранскиот нуклеарен договор содржи ригорозни мерки кои се` уште се на сила.

Иран неодамна ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија за плановите за зголемување на збогатувањето до 20 проценти, нешто што не се случило од склучување на договорот.

Претседателот Доналд Трамп во 2018-та година најави дека САД еднострано се повлекуваат од Иранскиот нуклеарен договор, по што воведе санкции кон Иран кои беа отстранети согласно договорот.

Избраниот претседател Џо Бајден најави дека ќе ја врати држвата назад во договорот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG