Германија ќе биде иден претседавач со Европската Унија.
Германското претседателство со Унијата од јули, доаѓа во време кога канцеларката Ангела Меркел се очекува да замине од функцијата следната година.
И таа, и Унијата имаат долга листа на предизвици во наредниот период.
На итната агенда на ЕУ се наоѓа прашањето за надминување на разликите околу фондот од 843 милијарди долари за справување со последиците од пандемијата, како и постигнување договор за идниот буџет на ЕУ.
На листата се наоѓаат и прашањата за Кина, и поплаките на европските компании за нефер услови за конкуренција, како и тензиите меѓу САД и ЕУ, кои пораснаа за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Facebook Forum