Линкови за пристапност

Миграцијата и идентитетот најважни прашања на изборите во ЕУ


Миграцијата и идентитетот најважни прашања на изборите во ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

Жителите од ЕУ гласаат за новите пратеници во Европскиот Парламент, што треба да го исцрта курсот на Унијата во следните пет години

Јужно од Копенхаген, два километри од копното, се наоѓа островот Линдхолн. Локалците го нарекуваат Гвантанамо беј на Данска.

Беше дизајниран како иден дом за 100 странски криминалци. Планот поттикна големо противење од опозицијата.

„Катастрофа за данската репутација во светот“, вели Кнуд Бонденсен, локален жител.

Се чувствуваме многу несигурни, и мислиме дека ќе има негативно влијание врз нашиот град.
Јачим Хансен, бизнисмен

Островот Линдхолн беше ненаселен до 1920-тите. Потоа беше трансформиран во научна лабораторија.

Владата планира да потроши над 100 милиони долари во следните три години за да го трансформира островот во отворен затвор.

Локалците изразија загриженост.

„Што ќе прават со тие што навечер нема да се вратат во бродот? Се чувствуваме многу несигурни, и мислиме дека ќе има негативно влијание врз нашиот град“, вели Јачим Хансен, бизнисмен.

Групите за човекови права велат дека одземањето на слободата веројатно ќе значи прекршување на европскиот закон.

Данскиот министер за имиграција го брани планот, велејќи дека тие не се посакувани во Данска и оти тоа ќе го почувствуваат.

Градоначалникот вели дека Владата поттикнува миграциони проблеми.

„Многу луѓе се загрижени околу ситуацијата со миграцијата, и тоа не е нешто што можеме сами да го решиме. Треба да соработуваме со други држави во ЕУ и во светот за да најдеме решение“, вели градоначалникот Микаел Смед.

Овие прашања се дебатирани од далечните источни брегови на Европа до островите на Балтичкото Море.

Во Данска, како и насекаде во Европската Унија, миграцијата и идентитетот играат клучна улога кај гласачите, кои ја одредуваат насоката на Европа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG