Линкови за пристапност

ЕУ членките преговараат за помош од 825 милијарди долари за справување со последиците од пандемијата


Овој пакет би им помогнал не само на најтешко погодените држави од пандемијата, туку и на оние што се погодени индиректно, поради карантинот и трговските загуби

Европската Унија размислува за мулитимилијардерски економски пакет, со цел да им помогне на државите - членки да излезат од кризата, најлоша по Големата депресија.

Денешниот виртуелен состанок на 27-те членки е прв чекор во разговорите, кои би можеле да резултираат со договор следниот месец, доколку ги надминат разликите.

Членките, исто така, разговараа за најновата верзија на планот на Европската комисија (ЕК) од 1,2 трилиони долари, буџет за седум години, кој вклучува 825 милијарди долари помош за обновување на економиите.

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, побара поддршка за планот, велејќи дека тој им помага не само на државите кои се најтешко погодени од пандемијата, туку и на оние што се погодени индиректно, поради карантинот и трговските загуби.

Сепак, европските лидери се цврсто поделени околу планот, за кој сериозните преговори ќе почнат наредниот месец.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG