Линкови за пристапност

Хакери ја пробиле комуникациската мрежа на ЕУ


Според Њујорк тајмс, материјалите откриваат загриженост на Европа за „непредвидливоста на администрацијата на Трамп“

Хакери имале пристап до дипломатската комуникациска мрежа на Европската унија три години, објави Њујорк тајмс.

Според објавениот извештај, хакерскиот напад бил откриен од кибернетската компанија Ареа 1, која му дала на весникот повеќе од 1.100 пораки.

Според Њујорк тајмс, материјалите откриваат загриженост на Европа за „непредвидливоста на администрацијата на Трамп“, како и за негативниот став на Трамп кон европскиот блок, кој според пораките, довел до голема несигурност.

Материјалите ја истакнуваат и борбата на блокот да се справи со Русија и Кина, и со ризикот дека Иран би ја заживеал нуклеарната програма, вклучувајќи меморандуми на комуникација помеѓу лидерите на Саудиска Арабија, Израел и на други држави.

Една порака открива како заменик-претседавачот со Мисијата на Европската унија во Вашингтон им предлага на други европски диполмати да се обидат да работат директно со членови на Конгресот, наместо со Трамп, како и да се обидат да ги подобрат односите објаснувајќи дека САД се најважниот партнер на Европската унија.

Информациите до кои дошле хакерите се класифицирани, додека весникот и официјалните лица на ЕУ велат оти повеќе чувствителни документи се чуваат во посебен систем.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG