Линкови за пристапност

Германија и натаму ќе ја поддржува Северна Македонија на патот кон ЕУ, порача Герберих


Понекогаш кризата може и да биде продуктивна - дебата за иднината на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:59 0:00

Меѓународна дебата за европската иднина на државата, по ветото за пристапни преговори

Северна Македонија е во центарот на Европа и нејзиното природно место е во Европската унија. Oва беа дел од согледувањата на учесниците на меѓународниот форум, на кој се зборуваше за перспективите за проширување по Европскиот совет, на кој земјава не доби датум за преговори.

Анализите се дека зачленувањето во Унијата не е добро само за ЕУ, туку и за самата Унија, која така на Балканот би превенирала влијание од други глобални играчи.

„Северна Македонија и државите од Југоисточна Европа ги гледам ако дел од ЕУ. Според логиката на нештата тоа се подразбира заради позицијата на овие земји и мора да се потрудиме тоа да се случи по пат на мир, стабилност и демократско владеење. Само така може да станат дел од ЕУ. Не би сакала да споменувам која би била другата варијанта, за жал тоа е она што се случи во 90-те години од минатиот век“., изјави Дорис Пак, поранешен член на Европскиот парламент.

Германскиот амбасадор причините за неуспехот во Брисел не ги бара во земјава, туку во актуелната ситуација во Унијата, чии граѓани не се многу расположени за процесот за проширување.

„Германија и понатаму ќе ја поддржува Северна Македонија на пат кон ЕУ. Уверени сме дека се исплати на земјава да и се даде европска перспектива. Се надеваме дека Северна Македонија ќе ги засили реформите и со тоа ќе ги разубеди оние кои можеби сметаат дека местото не и е во европското семејство“, рече Томас Герберих, амбасадор на Германија во Северна Македонија.

За претставниците на „Конрад Аденауер“, една од највлијателните германски фондации, неносењето одлука во Брисел не треба да ги фрустрира граѓаните и да биде нова пречка на реформската агенда.

„Понекогаш кризата може и да биде продуктивна. Знаеме дека во секоја криза се крие и шанса. Само мора само да ги научиме вистинските лекции и заклучоци“, вели Јоханес Раи од „Конрад Аденауер“.

За можноста по епилогот во Брисел, Северна Македонија своето место наместо во Европската треба да го бара во Евроазиската Унија, дипломатите велат дека се нереални и поттикнати од Русија – аргументираат што земја од срцето на Европа би барала во далечната Азија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG