Линкови за пристапност

Финска бара позитивна одлука за Северна Македонија, а преговорите ефективно да почнат во 2020


Премиерот Заев вели дека е оптимист оти Северна Македонија ќе добие датум за почнување преговори со ЕУ

Неизвесно е дали европските дипломати ќе успеат да постигнат консензус и на состанокот во Луксембург да договорат рамка за почеток на преговори со Северна Македонија.

Финска, која е актуелен претседавач со Унијата, како што брифираат владини извори, предлага позитивна одлука за земјава, а преговорите за членство ефективно да стартуваат во првата половина од 2020 година.

Паралелно би се изготвила нова преговарачка методологија, со што би се задоволиле и интересите на Франција, земја - членка која најмногу се противи на почетокот на преговори, без да има измени во начинот на пристапување на нови членки.

Премиерот Заев вели дека е оптимист оти Северна Македонија ќе добие датум за почнување преговори со ЕУ, и дека Франција не е против, туку дека само бара промена на методологијата за преговарање.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG