Лидерите на Европската Унија денес се собраа на преговори, кои германската канцеларка Ангела Меркел ги нарече „многу, многу тешки“, за тоа како да се плати Буџетот од 2,1 трилиони долари, и за фондот за справување со последиците од пандемијата на КОВИД-19.
Кога пристигна на самитот во Брисел, Меркел потврди дека земјите-членки се` уште се многу поделени околу ова прашање, одбивајќи да прогнозира како би завршиле преговорите.
„Морам да кажам дека разликите се се` уште многу големи, така што не можам да предвидам дали ќе постигнеме резултат овојпат“, рече Меркел.
Европскиот блок се соочува со најголема рецесија во неговата историја, и земјите - членки преговараат кои од нив треба да платат најмногу, за да им помогнат на другите држави, и кои држави треба да добијат најмногу фондови за обновување на нивните економии.
Лидерите првпат се среќаваат лично од почетокот на пандемијата.
Facebook Forum