Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен во средата побара да се одржи донаторска конференција на 4 мај со цел прибирање средства за создавање и глобална примена на вакцина против КОВИД-19.
Kонференцијата ќе биде во Брисел, но ќе се спроведе преку Интернет.
Говорејќи преку видео-врска на прес-конференција во Брисел, Фон дер Лејнен рече вакцината е најдобриот одговор во борбата против вирусот.
Таа рече дека на конференцијата исто така ќе се собираат средства за подобрување на подготвеноста за пандемија, како и за забрзување на работењето на дијагностика и третмани.
Истакна дека еднаш штом ќе има вакцина, тогаш тие ќе работат на тоа како најдобро да ја применат низ целиот свет.
Фон дер Лејен рече дека конференцијата ќе биде во Брисел, но ќе се спроведе преку Интернет.
Facebook Forum