Се очекува денес британските законодавци да гласаат по голем број измени и дополнувања на владиниот договор за излез од Европската унија.
На преговарачите од двете страни им требаа 18 месеци за да постигнат договор, за кој беше потребно парламентарно одобрување. Сепак на гласањето во средината на јануари беше отфрлен планот на британската премиерка Тереза Меј.
Таа вети дека ќе предложи промени во договорот и ќе побара промени со цел да ја добие потребната поддршка.
Facebook Forum