Линкови за пристапност

Британија и ЕУ постигнаа договор за Брегзит


Британскиот Парламент треба да го одобри договорот до сабота

Лидерите од Британија и ЕУ објавија дека постигнале договор за условите за излез на Лондон од европското семејство.

Британскиот премиер Борис Џонсон го нарече “извонреден договор, што ја враќа контролата“.

Преку Твитер го повика британскиот Парламент да го одобри договорот до сабота, со цел Владата во Лондон да се фокусира на други приоритети.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер, кој беше еден од главниот поборници да се најде заеднички договор по повеќе од три години разговори, преку твит оцени дека „кога има волја, можен е договор и конечно постигнавме еден“.

Тој го опиша договорот како фер и балансиран, и за ЕУ и за Британија.

Јункер ги повика 27-те членки на ЕУ да го поддршка договорот. Брегзит треба да се случи на 31-ви октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG