Линкови за пристапност

Ако ЕУ не испорача, други сили ќе дојдат на Западен Балкан, заклучија учесниците на Белградскиот безбедносен форум


Проширувањето е во криза, порача Димитров на Белградскиот безбедносен форум
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:55 0:00

Проширувањето е во криза, порача Никола Димитров на Белградскиот безбедносен форум.

Вицепремиерот за европски прашања, кој настапи на панелот „Што по Берлинскиот процес“ смета дека забавувањето во процесот на интеграција има влијание врз земјите од Западен Балкан.

Како последен пример ги искористи случувањата во земјава по резултатите од првиот круг од локалните избори.

„Ако Унијата не испорачува, прореформските сили ќе бидат предизвикани“, вели Димитров.

„Причината, мотивацијата зад Берлинскиот процес да се почне нешто што ќе даде опипливи резултати, политичка посветеност и признание за важноста на регионот се` уште се присутни. Процесот на проширување, европската интеграција на регионот се` уште е во криза. Србија последен пат отвори преговарачко поглавје во 2019, Црна Гора во 2020, да не зборуваме за визната либерализација за Косово и имаме одлука на Советот од март 2020 за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија која се` уште не може да се спроведе. Значи, нема многу придвижување. Неодамна имавме Самит кој прати добра политичка порака. Сакам да изнесам една политичка поента бидејќи сме среде локални избори. Мислам дека е важно за ЕУ гласот за Европа да го направи победнички. Ако не можеме да испорачаме зашто ЕУ не може да му испорача на регионот, проевропските, прореформските сили ќе бидат предизвикани“, рече Димитров.

Ако Унијата не го потврди својот кредибилитет во регионот, тогаш според дел од учесниците на Форумот, има опасност за други „играчи“ со свои интереси да го пополнат просторот на Западен Балкан.

„Со немањето кохерентност за Западен Балкан, ЕУ остава простор за други земји со стратешки интерес за регионот, како Кина, Русија, Турција... Ако целта на ЕУ е обединета Европа, тогаш мислам дека Западен Балкан мора да биде дел од тоа“, рече Анида Шабановиќ од Институт за иницијатива за надворешна политика - БиХ.

Очекувањата се дека Берлинскиот процес ќе продолжи и понатаму, но со многу попрецизна агенда на конкретни прашања.

Надежите пак се насочени кон Германија која со нова влада ја завршува ерата на Ангела Меркел.

„Ако Берлинскиот процес продолжи тогаш тој треба да биде понасочен, пофокусиран на конкретни политички прашања. Знаејќи ја ситуацијата и расположението во ЕК мора да се посвети поголемо внимание, особено Германија, во напорите да ги поттикне останатите земји членки да пронајдат политичка волја, како еден од главните столбови во новата методологија за проширување, за напредок во процесот на пристапување, особено со Северна Македонија и Албанија“, вели Зоран Нечев од Институтот за демократија.

Берлинскиот процес стартуваше во 2014 под иницијатива на канцелрката Меркел. Придонесе за зголемување на регионалната соработка, за зајакнување на трговската размена, за надминување на дел од отворените билатерални прашања.

Но, сепак земјите од регионот, дури и оние кои со години преговараат, се` уште се многу далеку од можно членство во ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG