Линкови за пристапност

Европските лидери постигнаа договор за ограничување на трошењето


Договорот е најнов обид на европските лидери да ја стават под контрола двегодишната должничка криза на континентот

Лидерите на Европската унија потпишаа договор во Брисел кој бара нивните поединечни влади да ги балансираат буџетите или во спротивно да се соочат со економски санкции.

Договорот е најнов обид на европските лидери да ја стават под контрола двегодишната должничка криза на континентот што два пати ја натера Грција, а Ирска и Португалија по еднаш, да обезбедат меѓународна помош за да не банкротираат. Тој беше потпишан од 25 од вкупно 27 држави на ЕУ, а Британија и Чешката Република одбија.

Сега, за да влезе во сила, договорот мора да биде ратификуван од најмалку 12 од 17 држави кои ја употребуваат заедничката валута еврото.

Претседателот на Советот на Европа Херман Ван Ромпуј кажа дека договорот подготвуван во изминатите неколку месеци, ќе помогне да се спречи друга должничка криза. Тој кажа дека ова ќе води кон „реставрирање на довербата“ во еврозоната, додека во исто време ќе го засили економскиот растеж и креација на работни мета.

Германската канцеларка Ангела Меркел кажа дека договорот е важен чекор кон креирање на пообединета Европа.

Деталите треба да се доработат.

Но дури и со договорот, Европа се соочува со тешки економски проблеми. Стапката на невработеност во еврозоната достигна 10,7 проценти во јануари, најлоша за последниве 13 години, а ЕУ предвидува дека економијата во еврозоната ќе падне во умерена рецесија оваа година.

XS
SM
MD
LG