Линкови за пристапност

Министрите на ЕУ охрабруваат преговори за името


Министрите на ЕУ охрабруваат преговори за името
Министрите на ЕУ охрабруваат преговори за името

Филе изјави дека очекува по пресудата од Хаг двете страни да ги удвојат напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение.

Советот на министрите на ЕУ во своите заклучоци по долгата дебата за проширувањето не ја зема предвид одлуката на судот во Хаг.

Шефовите на дипломатии на земјите членки на Унијата го поздравија напредокот што го постигнала Македонија, побраа да се вложат напори во реформите на планот на слободата на изразувањето, фундаменталните права, борбата против корупцијата, независноста на судскиот систем и администрацијата, како и подобрувањето на бизнис климата. На крајот Советот заклучува дека за Македонија од суштинско значење е да одржува добрососедски односи кои подразбираат и изнаоѓање на решение за името.

Советот, се вели во заклучоците, очекува скоро резултат од актуелните разговори кои се водат на високо ниво за разликите за името. По заседанието на Советот, комесарот за проширување Штефан Филе изјави дека очекува по пресудата од Хаг двете страни да ги удвојат напорите за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение. Советот зема обврска наредното претседателство на ЕУ, кое ќе го раководи Данска, повторно да ја разгледа препораката на Европската комисија за старт на преговори.

По синоќешното заседание на Советот на министрите денеска во Брисел премиерот Груевски се сретна со претседателот на Европскиот совет Херман Ван Ромпуј.

Груевски изјави дека тој го информирал Ромпуј за содржината на пресудата од Хаг и при тоа потенцираше дека земјите членки на ЕУ и НАТО кои се вооедно членки на ООН ќе ја почитуваат одлуката на судот во Хаг, со што на Македонија ќе и` се овоможи старт на преговри за членство во ЕУ и прием во НАТО. Од своја страна од кабинетот на Ромпуј информираа дека претседателот на Европскиот совет ја поддржувал новата влада да преземе понатамошни чекори во реформите на судскиот систем, јавната администрација, борбата против корупцијата и медиумите. Во соопштението исто така се вели дека премиерот Груевски се охрабрува да продолжи да бара заемно прифатливо решение со Грција за проблемот со името и се изразува надеж дека одлуката на судот во Хаг ќе го поттикне овој процес.

XS
SM
MD
LG