Линкови за пристапност

ЕУ ја одобри својата 14-та рунда санкции против Русија


ЕУ санкции
ЕУ санкции

Европската унија денеска ја одобри својата 14-та рунда санкции против Русија како одговор на руската инвазија на Украина.

Пакетот вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас во земја на ЕУ, кој потоа се испраќа во трета земја.

Санкциите се насочени и кон 116 лица и субјекти, како и зголемени мерки за да се осигура дека компаниите нема да ги заобиколат постоечките санкции.

Министер за надворешни работи на Украина - Дмитро Кулеба
Министер за надворешни работи на Украина - Дмитро Кулеба

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека важноста на новите санкции за „понатамошно да се задуши воената економија на Путин“ е важна, за време на обраќањето на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во понеделникот.

„Одделно, ја нагласив потребата да се забрза испораката на воена помош, особено противвоздушната одбрана, и да се прошири одбранбеното индустриско производство“, напиша Кулеба на социјалната мрежа „X“. „Можеме и мораме да ја победиме руската агресија на украинска територија за да обезбедиме долгорочен мир и стабилност низ Европа.“

Жозеп Борел - Шеф за надворешна политика на ЕУ
Жозеп Борел - Шеф за надворешна политика на ЕУ

Пред состанокот во понеделник, шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, им рече на новинарите во Луксембург: „На Украина и треба повеќе помош и сега ѝ е потребна поголема помош“.

Украинските власти денес јавија за нов руски ракетен напад врз јужниот украински град Одеса, во кој беа повредени најмалку три лица.

Украинската војска соопшти дека Русија употребила две крстаречки ракети во нападот, при што украинската противвоздушна одбрана спречила еден од проектилите да стигне до целта.

Последици од руски воздушен напад во Одеса
Последици од руски воздушен напад во Одеса

Олех Кипер, регионалниот гувернер на Одеса, на Телеграм напиша дека во нападот била погодена цивилната инфраструктура и бил предизвикан пожар.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нејзината воздушна одбрана уништила четири украински воздушни беспилотни летала над регионот Ростов.

Василиј Голубев, регионалниот гувернер, на Телеграм рече дека остатоците од соборениот дрон погодиле индустриска локација, но дека нема извештаи за повредени.

Одредени информации за овој извештај се обезбедени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG