Линкови за пристапност

Етиопија и Еритреја потпишаа Декларација за мир


Еритреја е поранешна провинција Етиопија

Лидерите на Етиопија и Еритреја потпишаа Декларација за мир, со што формално завршува еден од најдолгите конфликти во Африка.

Фотографии од чинот на потпишување на историскиот договор меѓу етиопскиот премиер Абиу Ахмед и еритрејскиот претседател Исајас Афверки, беа објавени на Твитер од страна на министерот за информации на Еритреја, Јемане Мескел. Настанот се случил во главниот град на Еритреја, Асмара.

Мескел напиша дека „војната меѓу двете држави завршила, и започнува нова ера на мир и пријателство“. Тој додаде дека ќе биде обновена трговијата, транспортот и телекомуникациските врски меѓу двата соседа.

Етиопија одбиваше да ги прифати условите за мир, меѓу кои беше и повлекување од пограничниот град Бадме.

Еритреја е поранешна провинција Етиопија, и се отцепи во 1993-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG