Линкови за пристапност

Еспер во посета на Ирак на разговори за пристигнувањето на американските трупи


Секретарот за одбрана на САД Марк Еспер денеска пристигна во Багдад на разговори со ирачките власти за пристигнувањето на американските трупи неодамна повлечени од северна Сирија.

Седумстотини или повеќе војници се преместени во западен Ирак, каде веќе се распоредени 5.000 воени лица. Еспер рече дека дополнителните трупи ќе помогнат во одбраната на Ирак и ќе бидат достапни за спроведување на антитерористички операции против бунтовниците на Исламската држава во Сирија.

Но, ирачката влада соопшти дека трупите немаат дозвола да останат во земјата.

За време на посетата на Саудиска Арабија, американскиот секретар за одбрана рече дека „евентуално нивната крајна дестинација е дома“ назад во САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG