Линкови за пристапност

ЕСМ годинава потроши 31 милион евра за набавка на струја


Цената на струјата на отворениот пазар ќе се зголеми во зимските месеци бидејќи Украина чиј енергетски систем е уништен ќе влече струја од Европа а тоа ќе значи дека на пазарот ќе има и помали количини за Северна Македонија најавува премиерот Мицкоски.

СКОПЈЕ – Дали и колку струја на европскиот пазар во наредните месеци ќе има за Северна Македонија и по која цена засега никој не може да предвиди бидејќи голем дел ќе се испорачува во Украина а според премиерот Мицкоски не чека предизвикувачки период. Државната ЕСМ од почетокот на годинава заклучно со 15 октомври потроши 31,7 милиони евра за набавка на струја на отворениот пазар и се очекува набавките да се интензивираат во зимските месеци бидејќи производствените капацитети не може да ја покријат побарувачката.

Премиерот Мицкоски е дециден дека државата е подготвена и ќе одговори на предизвиците иако капацитетите за производство се девастирани, некои се во процес на ремонт и државата располага со речиси празни хидро инсталации.

„ Имам чувство дека оваа зима ќе биде прилично предизвикувачка не поради температурите, туку поради состојбата што се случува во Украина каде комплетно е уништен електроенергетскиот систем и Украина влече енергија од Европа што значи дека тоа ќе ја зголеми цената на електричната енергија на берзите во Европа и ќе ја намали количината, така што ние мораме да бидеме подготвени“, изјави Мицкоски.

За да се задоволи побарувачката во наредните неколку месеци односно во зимскиот период државата повторно ќе мора да се потпре на увоз на струја, а колку тоа ќе не чини никој засега не може да предвиди.

Од почетокот на годинава, заклучно со 15 октомври, државата ЕСМ потроши 31,7 милиони евра за набавка на струја од слободниот пазар. Оваа сума се очекува да се зголеми бидејќи допрва доаѓаат зимските месеци во кои потрошувачката на струја се зголемува а како што кажа и премиерот очекувањата се дека цената за мегават час ќе биде уште повисока.

ЕСМ набавки на струја, јануари - септември 2024 година
ЕСМ набавки на струја, јануари - септември 2024 година

Гледано по месеци, најмногу пари ЕСМ ќе потроши во јануари – 12,6 милиони евра и минатиот месец – 5,3 милиони евра. Само за првата половина на октомври веќе се платени 4,6 милиони евра на неколку компании од кои се набавува струјата.

Државата ЕСМ годинава купувала струја од 15 различни фирми на кои заклучно со септември платила 27,1 милион евра. Вкупните исплати се од околу 100 илјади евра до речиси шест милиони евра. Најмногу мегават часови струја купени се од фирмата „ГЕН – И“ на која и се исплатени 5,8 милиони евра а потоа следуваат „ХСЕ МАК ЕНЕРЏИ“ со 4,7 милиони евра, „СОЛЕ 24“ на кого за девет месеци му се платени 4,6 милиони евра и „Данске Комодитис“ со 4,4 милиони евра.

РЕК Битола
РЕК Битола

Состојбата на производствените капацитети во државата е лоша, хидро капацитетите се на 24 проценти, ремонти се вршат во РЕК Битола и во ТЕЦ Осломеј, а најголемиот капацитет РЕК Битола има милионски долгови.

Раководството на РЕК Битола денес соопшти дека нема да биде подготвен за почетокот на грејната сезона.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG