Линкови за пристапност

Анкара вели банкарот не ги прекршил санкциите


Анкара изрази несогласување со пресудата од американски суд спрема турски банкар, за непочитување на санкциите поставени од САД кон Иран.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ја критикуваше пресудата за вина на Мехмет Хакан Атила, велејќи дека правниот систем на САД претставува опасност за светот.

„Ако ова е американско разбирање за правдата, тогаш светот е во неволја. Но, едно е јасно, САД треба да го разгледаат разбирањето на правдата и истовремено да го зајакнат“, рече Ердоган.

Мехмет Хакан Атила, кој раководел со меѓународните банкарски трансакции на Халкбанк во државна сопственост, во средата беше осуден од суд во Њујорк, по пет, од шест основи во обвинението за кршење на санкциите кои ги воведоа САД спрема Иран.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG